Надлежните засилено работат и на изградбата на делот од автопатот Кичево–Охрид, конкретно од Врбјани до Охрид, кој според најавите ќе биде пуштен во употреба до стартот на летната сезона. Министерт Николоски апелира на трпение додека финишираат градежните активности кои на делови создаваат застој во сообраќајот.