tvstanici.net

360° season 11, show 49 – За истрагата за Кочани и лекувањето на повредените во Солун и во Софија



Broadcasted on March 27, 2025 (Thursday) on MRT1 at 20.15.

Во ова издание:

– Репортажа од болницата „Папаниколау“ во Солун за текот на лекувањето на повредените во пожарот во Кочани – докторите воздржани, родителите вознемирени и истоштени од исчекување;

– И во софиската болница „Пирогов“ трае битката на лекарите за животите на осуммина повреди во стравотниот пожар: „Се бориме со второстепени проблеми, главно инфекции“, вели директорот на болницата; сведоштва од лекари во Итната помош, по потекло од Македонија, кои учествувале во транспортот на повредени;

– Пратеникот во бугарското Народно собрание, Манол Пејков, сè уште не ја предал собранатa донација од 27 илјади евра: „Сакаме парите да завршат кај оние на кои им се најпотребни“, вели тој;

– Зошто актуелни директори не се опфатени со истрагата за трагедијата во Кочани – од Јавното обвинителство одговараат дека „во однос на активностите на Државниот пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување… МВР продолжува да врши проверки…“;

– Во Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена го чекаат образложението од Владата за разрешувањето на двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика: „Ако судијата го разрешите среде мечот, тоа е мешање во независноста на судијата“, вели директорот Артур Лорковски;

-„Саботажа“.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version