Broadcasted on February 24, 2025 (Monday) on MRT1 at 20.15.
Со Фани Каранфилова-Пановска, заменик претседателка на СДСМ, која гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, разговараме за тоа каков е ставот на опозициската партија за тектонските поместувања на глобалната сцена по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и разликите меѓу новата американска администрација и Европа за тоа како и под кои услови да се стигне до мир во Украина, но и за поимањето на некои демократски вредности. Тема е и изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој штотуку се врати од посета на САД, дека ова е новото нормално што доаѓа од Вашингтон и дека ќе го преплави светот. Каранфилова-Пановска ја прашуваме и колку во овие нови околности го чувствува за товар нејзиниот бекграунд на поранешна директорка на Фондацијата Отворено општество или колоквијално позната како Фондација Сорос? Зошто впечатокот е дека СДСМ е млака опозиција, зошто Венко Филипче е единствен кандидат за лидер на внатрепартиските избори на 16 март, што ќе биде успех за СДСМ на локалните избори, какви се односите на новото раководство со пратеничката група? Разговараме и за интерпелацијата за пет члена на Судскиот совет, процедурата за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, како и за предлог-составот на Советот на АВМУ за кој се согласи и СДСМ, а за кој има реакции од ЗНМ и од амбасадите на ЕУ и на Германија.
Емисија 360 Степени