Site icon tvstanici.net

360 degrees season 9, show 59





Broadcasted on April 21, 2023 (Friday) on Alsat TV at 22.20.

Нема ден да помине без да се појави нов дискутабилен аспект од проектот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во земјава. Премиерот најави дека Владата ќе го прати договорот во Јавното обвинителство, иако остана нејасно во каква процедура ќе го направи тоа, бидејќи ниту легислативата ниту праксата познаваат нешто такво. Паралелно, под притисок на јавните реакции и дебата, кои првично резултираа со повлекување на измените во Законот за заштита на културното наследство од собраниска процедура, од Владата стигна најава за корекции во предлог-измените на законот за работни односи. Според она што го кажа министерката за труд, иако група пратеници се предлагачи на измените, се разговара за поставување горна граница за прекувремените часови работа што ќе бидат дозволени дополнително на 40-часовната работна недела. За ова разговараме со Маја Атанасова – правничка со експертиза во областа на работни односи во Македонското здружение на млади правници, и Снежана Камиловска Трповска – проектна координаторка во Македонскиот центар за меѓународна соработка, кој е дел од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version