Site icon tvstanici.net

360 degrees season 9, show 46





Broadcasted on March 03, 2023 (Friday) on Alsat TV at 22.20.

Советот на јавни обвинители донесе одлука да распише оглас за прием на 31 јавен обвинител, сите во обвинителства надвор од Скопје. Меѓу 28-темина кандидати што ќе може да конкурираат за 31-то отворено место, најзвучното име за кое се крена врева во јавноста по објавувањето на конечната ранг-листа на оние што ја завршиле обуката на Академијата за судии и јавни обвинители, е Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието, Талат Џафери. На огласот ќе може да се пријави, на пример, и Албулена Абази, сопруга на шефот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, како и Јетмир Беџети, син на судијата во скопска апелација, Енвер Беџети, кој беше известител при одлуката да се укине првостепената пресуда во случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, предмет за кој Судскиот совет заклучи дека неразумно долго бил држен во апелацискиот суд. Регрутирањето на идните судии и обвинители, квалитетот на обуката што ја добиваат и колку таа ги подготвува за сериозните задачи со кои се соочуваат при идната работа, е главната тема на која разговараме со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version