Site icon tvstanici.net

360 degrees season 9, show 36





Емисијата е емитувана на 27 јануари 2023 г. на ТВ Алсат.

Во интервјуто со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, се фокусираме на два корпуса прашања – едниот поврзан со политичката динамика дома и вториот поврзан со тензиите во односите со Бугарија. Колку е блиску или далеку влегување на Алијанса за Албанците во Владата? Дали останува или заминува Алтернатива при евентуален влез на Алијанса? Колку е стабилен и обединет СДСМ по јавните наводи дека „Заев подмолно се обидува да го урне Ковачевски“ и дека договарал со Мицкоски избори напролет и заедничка влада по нив? Што е планот за уставните измени за внесување на Бугарите, Црногорците и Хрватите ако се знае дека без процесот да заврши до ноември-декември, пристапните преговори со ЕУ ќе запрат? Дали на 4 февруари ќе им биде забранет влез на еден европратеник и неколку други бугарски државјани како што претседателот Стево Пендаровски ѝ препорача на Владата?

Емисија 360 Степени

Exit mobile version