Site icon tvstanici.net

360 degrees season 9, show 27





Broadcasted on December 16, 2022 (Friday) on Alsat TV at 22.00.

Во екот на јавната дебата за тоа како да се справиме со сè пораспространетата корупција, дополнително стимулирана со пораки од американски и европски претставници, за гостин го имаме шефот на Вишото јавно обвинителство во Скопје, Мустафа Хајрулахи. Во моментов, ако бидеме прецизни, Хајрулахи е вршител на должноста во очекување да биде реизбран на позицијата откако од трката се откажаа прво Фатиме Фетаи, а потоа и Бурим Рустеми, без да кажат зошто го прават тоа. Освен за ова, со Хајрулахи зборуваме и за неодамнешниот избор на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и лавината реакција чие ехо сè уште се слуша. Има ли капацитет, подготвеност и, пред сè, независност Јавното обвинителство во целина да се носи со корупцијата која граѓаните ја посочуваат за еден од главните проблеми во нашето општество? Хајрулахи го прашуваме и за некои конкретни предмети во кои имало или има улога обвинителството со кое раководи, како случајот против Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ, за кој имаше наводи дека Хајрулахи и неговиот колега Дилавер Бектеши намерно го држат во фиока.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version