Site icon tvstanici.net

360 degrees season 9, show 21





Broadcasted on November 25, 2022 (Friday) on Alsat TV at 22.00.

ВМРО-ДПМНЕ од последната седница на Централниот комитет во Прилеп излезе со две барања – организирање предвремени парламентарни избори најдоцна до пролетта 2023 година и усвојување на партиските предлози во делот на економијата и стандардот на граѓаните. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, го прашуваме како планираат да стигнат до предвремени избори со оглед на тоа што темата ја форсираат од изборот на Владата во 2020 година, но досега без резултат. Зборуваме и за политичкото позиционирање на ВМРО-ДПМНЕ во однос на партиите на Албанците, како и за нивното кон најголемата опозициска партија – може ли да се случи ВМРО-ДПМНЕ да нема партнер дури и ако победи на следните парламентарните избори. Ако, пак, формира влада, како ќе ја води државата низ пристапниот процес со ЕУ со оглед на тоа што не се согласува со содржината на Преговарачката рамка (врз основа на францускиот предлог) официјално усвоена од Советот за општи работи на ЕУ. Зошто ВМРО-ДПМНЕ не е погласна за отсуството на функционална внатрешна контрола во Агенцијата за национална безбедност во светлината на скандалот со државјанството на Онишченко.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version