Site icon tvstanici.net

360 degrees season 9, show 17





Broadcasted on November 11, 2022 (Friday) on Alsat TV at 22.00.

Во фокусот во разговорот со министерот за правда Никола Тупанчевски е изборот на Ислам Абази за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и лавината реакции потоа. Со министерот дебатираме колку држи тезата дека треба да му се даде шанса на Абази во услови кога корупцијата е еден од главните проблеми во државата, а тој има очигледни релации со партијата на власт ДУИ. Штом Абази го избраа обвинителите, колку тоа зборува за квалитетот на човечкиот материјал во оваа институција и дали тоа може да биде причина за одново да се разгледа опцијата за генерален реизбор на обвинителите и судиите. Дали логичната реакција во нормално општество би била континуиран притисок за Абази да се повлече. Со Тупанчевски разговараме и за пораката на заменик-амбасадорот на САД, Ерик Мејер, дека „земјата мора да најде начин да ги разбие заднинските политички мрежи што овозможуваат цветање на корупцијата“. Во интервјуто ги отвораме и прашањата за состојбата во затворите, најголемата судница во државава изградена со странска помош во Идризово чие отворање се пролонгира подолг период, најавената амнестија за прекршителите на ковид-19 правилата што не ја платиле казната, законот за здруженија и фондации… На крај е новата ,,Саботажа”.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version