Site icon tvstanici.net

360 degrees season 9, show 12





Broadcasted on October 21, 2022 (Friday) on Alsat TV at 22.00.

Дали нелегално се прислушува во земјава – ова прашање пред неколку дена му беше поставено на Зоран Ангеловски, директорот на Оперативно-техничката агенција – ОТА, која управува со опремата за следење на комуникациите. Одговорот ќе го слушнете во ова издание на „360 степени“. Ангеловски беше еден од учесниците на годишната конференција за реформите во безбедносно-разузнавачката заедница во организација на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор – ДЦАФ, на која се отворија и серија други прашања за постигнувањата, но и за незавршените работи во процесот што почна по скандалот со масовното прислушување. За власта, реформата е успешно спроведена и останува уште надзорот да профункционира во полн капацитет. Опозицијата, пак, смета дека се случила реформа-шминка поради што инсистира на суштински промени. Дел од дебатата ќе имате можност да слушнете во подолгиот извештај што го подготвивме.

За реформата, но и за прашања поврзани со националната безбедност, во контекст на руската инвазија на Украина, хибридните закани и напади, тензијата во односите со Бугарија, разговараме и со директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, кој е гостин во студиото.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version