Site icon tvstanici.net

360 degrees season 9, show 04





Broadcasted on September 23, 2022 (Friday) on Alsat TV at 22.00.

Најавите за воведување електронска лична карта за граѓаните на земјава оваа седмица добија нова динамика. Тимот од Естонскиот центар за меѓународен развој, кој и помага на владата во областите на дигитализација и е-управување, имаше прва средба со членовите на Националниот совет за дигитална трансформација, на која една од темите била токму воведувањето електронска лична карта. Колку блиску или далеку се граѓаните на земјава од тоа во рацете да држат електронска лична карта? За ова разговараме со вицепремиерката задолжена за политика за добро владеење, Славица Грковска, и со естонскиот експерт за дигитален идентитет, Раул Каидро. Естонија е лидер во дигитализација на општеството во светски рамки.

Вицепремиерката Грковска ја прашуваме и за промените во т.н. балансер, а неизбежна е и темата за наводите дека се уште актуелниот министер за локална самоуправа Горан Милевски ангажирал свои блиски како хонорарни соработници на проект финансиран од швајцарската влада.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version