Site icon tvstanici.net

360 degrees season 8, show 74





Broadcasted on June 10, 2022 (Friday) on Alsat TV at 22.00.

Во ова издание зборуваме за транспарентноста на партиите – активната и финансиската. Колку се отчетни кон граѓаните и колку ги исполнуваат законските обврски како иматели на информации од јавен карактер, особено откако се финансираат со пари од државниот буџет? Индексот на транспарентност на политичките партии, истражување спроведено од Фондација „Отворено општество Македонија“ во рамките на поширок проект на Меѓународниот републикански институт од САД – ИРИ, покажува дека нема партија со одлична или многу добра оценка. Од можни 120 поени, најмногу – 72, има Левица. Од поголемите партии, ДУИ е кон дното на листата од 28 истражувани субјекти, со 11 поени. На оваа тема во „360 степени“ разговараме со Марија Мирчевска од Фондацијата „Отворено општество Македонија“ и претставниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на Алијанса за Албанците – Богданка Кузеска, Марија Митева и Омер Ајдини.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version