Site icon tvstanici.net

360 degrees season 8, show 72





Broadcasted on June 03, 2022 (Friday) on Alsat TV at 22.00.

До Советот за општи работи на Европската Унија, форум на кој би се носела одлука за прифаќање на Преговарачката рамка и би се закажала првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, има помалку од три недели. Состанокот е закажан за 21 јуни – датум кој претставува рок до кога очигледните дипломатски активности – што јавни што зад сцената, треба да дадат резултат за да има позитивна одлука за земјава. Се споменува француски предлог, се најавува посета на германскиот канцелар Олаф Шолц на Скопје и на Софија во следните недели, политичките директори на француското и на германското МНР се во постојана комуникација со владите во двете земји, но резултат засега нема. Може ли да го има во деновите што се пред нас – разговараме со универзитетските професори Владо Бучковски (поранешен премиер и специјален пратеник на Владата за Бугарија) и Ненад Марковиќ (член на Советот за национална безбедност).

Емисија 360 Степени

Exit mobile version