Site icon tvstanici.net

360 degrees season 8, show 60





Broadcasted on April 15, 2022 (Friday) on Alsat TV at 22.00.

Прашањето за промена на изборниот модел, можеби за момент, не е меѓу најжешките политички теми, но логиката вели дека во еден момент, во поблиска или подалечна иднина, повторно ќе се наметне како важно прашање за релевантните партии. Всушност, темата за воведување една изборна единица, на најдиректен начин, во јавниот фокус ја врати лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, со изјава на почетокот на годината кога се закани и со напуштање на владата доколку до средината на април не биде усвоено нивното барање. Трајанов подоцна го омекна ставот, што не значи дека неговата и други партии од коалицијата предводена од СДСМ се откажаа од инсистирањето за претопување на актуелните шест во една изборна единица. Што велат искуствената и експертската страна на оваа тема? Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), со поддрша на УСАИД, спроведе поширок проект, од кој, меѓу другото, треба да произлезе физибилити студија за дизајн или промена на изборниот модел, која би ги опфатила агрументите за и против една изборна единица и би ги земала предвид спецификите на земјава. Тројца од експертите вклучени во оваа активност, професорите Александар Спасеновски, Вели Креци и Гордан Георгиев, се гости во „360 степени“ токму на оваа тема.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version