Site icon tvstanici.net

360 degrees season 8, show 56





Broadcasted on April 01, 2022 (Friday) on Alsat TV at 22.00.
Интервју со премиерот Димитар Ковачевски. Пред точно 75 дена Собранието ја избра новата влада предводена од Димитар Ковачевски. Гостувањето на премиерот во „360 степени“ доаѓа два дена по објавувањето на резултатите од пописот чие ехо продолжува да се слуша на јавната сцена. Владата е и среде преговори со Бугарија од чиј исход зависи евентуалната деблокада на пристапниот процес во ЕУ. Кризата предизвикана со растот на цените на енергенсите и на храната на глобално ниво и начинот на кој државава се справува со тоа е третата жешка тема за Владата. Субвенционирањето на струјата и откажувањето од дел од приходите врз основа на акцизи и ДДВ ги прават исклучително скапи антикризните мерки. Зголемувањето на минималната плата, пак, извади на улица дел од синдикатите (некои закажаа и штрајк), со барање за усогласување на другите плати во јавниот сектор, а ги разгневи и бизнисмените. Борбата против „широко распространетата корупција“ (според Европската комисија и како наследство од претходникот) не е нималку занемарлив предизвик за Ковачевски. Ова е рамката за интервјуто со премиерот.

Емисија 360 Степени
Exit mobile version