tvstanici.net

360 degrees season 11, show 54 Ние сме опозиција на владата на ВМРО-ДПМНЕ, не на државата – интервју



Broadcasted on April 14, 2025 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Една од новите потпретседателки на СДСМ, Кристина Костова, која гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, ја прашуваме дали ја заслужува високата партиска позиција и што е нејзината мисија во политиката. Разговараме и за тоа колку соодветно СДСМ ја игра улогата на опозиција и зошто Венко Филипче беше реизбран за лидер со околу 18 000 наспроти Димитар Ковачевски со 37 000 и Зоран Заев со 59 000 гласа на внатрепартиските избори. Тема во интервјуто се и критиките на СДСМ за текот на истрагата за пожарот во Кочани, колку реакцијата на партијата беше предодредена од тоа што лидерот Филипче беше министер при трагедијата во модуларната болница во Тетово, дали прифаќаат формирање анкетна комисија во Собранието со опфат и на претходни трагедии, дали тоа што нема протести значи дека граѓаните мислат оти власта соодветно се справува со случајот Кочани… Разговараме и за претстојните локални избори, потенцијалните кандидати за градоначалници и очекувањата на СДСМ. Костова ја прашуваме и за досегашниот перформанс на Владата.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version