tvstanici.net

360 degrees season 11, show 16 – Една банка ќе субвенционира камата за кредитите од унгарскиот заем



Broadcasted on November 11, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Зошто Владата сè уште нема договор со банките за условите под кои ќе се даваат кредити на приватни фирми со пари од унгарскиот заем, е една од темите на кои разговараме со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии и потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, која гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Друго прашање до министерката е зошто Владата зборува за 100 милиони евра за 2024 г. и 250 милиони евра за 2025 г. за поддршка на инфраструктурни проекти за општините кога сумите што реално ќе завршат кај локалните самоуправи (и фирмите што градат) ќе бидат многу помали со оглед на тоа што Владата ќе плаќа по реализација. Што друго влегува во предвидените 820 милиони евра капитални расходи во предлог-буџетот за 2025 г. и како министерката е сигурна дека сите ќе се реализираат; со оглед на проекциите на Народна банка и на Светска банка за растот на македонската економија за следната година ќе видиме ли надолна корекција и кај владината проекција за раст на БДП од 3,7 %; кои плати во јавниот сектор ќе пораснат во 2025 г.; која методологија за корекција на пензиите ќе се примени во септември в година по линеарниот раст за уште 2 500 денари во март годинава; зошто Владата не го прифаќа предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ за околу 250 категории прехранбени производи кога иста таква мерка неколкупати предлагаше ВМРО-ДПМНЕ кога беше во опозиција – се, исто така, теми во интервјуто со Гордана Димитриеска-Кочоска.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version