tvstanici.net

360 degrees season 10, show 50 Соработка со ДУИ по изборите е невозможна – интервју со Николоски



Broadcasted on April 1, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ реши да настапи со речиси идентична кадровска понуда како на изборите во 2020 година – дали станува збор за „една од најдобрите пратенички групи што некогаш ја имала некоја партија“ или за „криза на политичката понуда“, е едно од прашањата до Александар Николоски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Разговараме и за тоа дали има причина за „бегство од родниот крај“, со оглед на тоа што Николоски е единствениот меѓу носителите на ВМРО-ДПМНЕ што не потекнува или не живее во изборниот регион во кој ќе ја предводи листата. Можниот исход од изборите, варијантите за формирање влада потоа, (не)важноста на темата за уставните измени, се исто така меѓу темите во интервјуто. Николоски го прашуваме и што точно пишува во изборната програма „Платформа 1198“ на темата – уставни измени, односи со Бугарија и преговори со ЕУ. А и каде се гледа себеси ако ВМРО-ДПМНЕ е дел од идната власт.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version