tvstanici.net

360 degrees season 10, show 44 Има партии што работат цените на храната пак да се вивнат пред избори



Broadcasted on March 11, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Што значи надолната корекција на проекцијата за раст на германската економија од 1,3 % на 0,2 % во 2024 г. за македонската економија – е влезната тема во интервјуто со Фатмир Битиќи, кој гостува во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1. Германија е убедливо најголемиот трговски партнер на земјава каде лани завршиле 44 % од вкупниот извоз, а во јануари оваа година се извезени стоки во износ од 225 милиони евра во споредба со 270 милиони во јануари минатата година. Вицепремиерот за економски прашања го прашуваме и колкав е ризикот цените на храната повторно да се вивнат додека се чека да биде донесен, а потоа и да профункционира законот за забрана на нефер трговски практики, како и зошто ја откажа посетата на маркетите најавена за изминатиот викенд. Разговараме и за предлог-законите за стратешки инвестии со фокус на оној што крена најмногу прашина – за изградба на когенеративна гасна централа од грчки „Митилинеос“ во скопска Гази Баба. Ако формулата е егзактна, како пресметките за цената на струјата што државата би се обврзала да ја откупува од „Митилинеос“ – на некои универзитетски професори и на власта – толку многу се разликуваат, е едно од прашањата до Битиќи. Го прашуваме и што ќе биде главната економска понуда на СДСМ за изборите, а го отвораме и случајот со невладината „Неимар-13“ кој го обелоденија колегите од БИРН.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version