Site icon tvstanici.net

360 degrees season 10, show 42 – Интервјуа со Маричиќ и со Муцунски на предизборни теми





Broadcasted on March 04, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15.

По викендот во кој беа потврдени кандидатурите на Стево Пендаровски и на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на државата – и на партиски конвенции и со собирање потписи, во „360 степени“ на МРТ 1, во одделни интервјуа, гостуваат првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски.

Маричиќ го прашуваме зошто пред канцеларијата на ДИК во Карпош дојде со службено возило, дали ги фрустрира тоа што Силјановска (ВМРО-ДПМНЕ) вчера собра повеќе потписи од Пендаровски (СДСМ), какви се односите меѓу СДСМ и ДУИ во моментов, дали министрите на ДУИ ја напуштиле владината седница на која одново се разгледувале предлог-законите за стратешките инвестиции, колку е (не)извесна поддршка од ДУИ за Пендаровски во вториот круг, можно ли е Ковачевски да биде носител во „двојката“ наместо во „кецот“, а Филипче во „четворката“, какви се опциите за формирање влада по изборите…

Муцунски, пак, го прашуваме дали за ВМРО-ДПМНЕ е разочарувачки тоа што Силјановска вчера не собра многу повеќе потписи од Пендаровски, што ако нивната кандидатка не води со повеќе од сто илјади гласа во однос на главниот опонент по првиот круг (како што најавува Мицкоски), за што „се отепала од работа“ Ванковска во 2019 г., дали Љупчо Коцарев ќе биде носител во Изборната единица пет, колку е реално остварливо барањето на Мицкоски за победа со најмалку 61 пратеник, како одговара на критиките дека од партија што ќе го враќаше старото уставно име сега се партија што работи да ја забрзува или олесни замената на лични документи со Република Северна Македонија…

Емисија 360 Степени

Exit mobile version