Site icon tvstanici.net

360 degrees season 10, show 38 – Интервју со Артан Груби





Broadcasted on February 19, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Чија е идејата Али Ахмети да биде кандидат на ДУИ за шеф на државата и дали навистина ќе биде – е една од темите за кои разговараме со вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Груби го прашуваме и до која одлука е поблиску ДУИ – самостаен настап на парламентарните избори или заеднички листи. Тој одговара и на прашања за опциите за формирање влада по изборите и како прашањето за уставните измени ќе влијае на тоа. Разговараме и зошто не се менува Изборниот законик и дали поддржуваат укинување на плаќањето на предизборните реклами со пари од државниот буџет. Груби го прашуваме и дали критиките кон претседателот Стево Пендаровски за непотпишувањето на указот за измените на Законот за игрите на среќи, всушност, воопшто не е поврзано со грижа за оддалечување на обложувалниците и казината на најмалку 500 метри од училиштата туку со интересот на ДУИ да се озакони (член 7 став 3) нешто што претходно е направено со владини одлуки, а тоа е да се формираат уште четири трговски друштва за приредување електронски и интернет игри на среќа.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version