Site icon tvstanici.net

360 degrees season 10, show 34 – Јован Митрески ќе ги распише изборите на 14 февруари





Broadcasted on February 05, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Што значат превирањата во Алијанса за Албанците за внатрешната динамика во функционирањето на Собранието и што ако стигне предлог за разрешување на одреден министер од оваа партија – го прашуваме претседателот на Собранието, Јован Митрески, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Тема се и случувањата во парламентот за време на седницата за избор на техничката влада и причините и околностите за отворање на посебниот дел од ложата за новинарите гости од Косово и од Албанија. Во разговорот, Митрески најавува дека планира изборите – и претседателските и парламентарните – да ги распише на 14 февруари, а одговара и на дилемата колку е политички логично во период на техничка влада, да имаме парламент што работи според редовна агенда. Првиот човек на Собранието открива и какви му се намерите со прашањето за пополнување на испразнетото место во ДИК и дали, кога и во каква форма измени на Изборниот законик би се нашле на дневен ред. Митрески одговара и на серија други прашања.

Емисија 360 Степени

Exit mobile version