Site icon tvstanici.net

360 degrees season 10, show 22 Ќе се повтори ли изборната трка од 2019 г. – интервју со Пендаровски





Broadcasted on December 11, 2023 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 гостува шефот на државата Стево Пендаровски. Разговараме за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, (не)навременоста на реакцијата на МВР, досегашниот тек на истрагата, приговорите од ВМРО-ДПМНЕ, евентуалните пречки за екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција, прашањата на премиерот Ковачевски за средби на екслидерот на ЛДП и актуелен амбасадор во Словенија со Палевски и за тоа кој оди на гости во француската амбасада во Скопје… Тема се и изборите – политичкиот договор за двојно гласање на 8 мај, (не)извесноста за повторување на изборната трка за шеф на државта од 2019 г., укинувањето на пржинската влада, можноста за заеднички листи на СДСМ, ДУИ и Алијанса. Пендаровски го прашуваме и за пораките од помошник-државниот секретар на САД за Европа, Џејмс О’Брајан, кога и во какви околности може да се деблокираат македонските евроинтеграции, проблемите во судството и со корупцијата, злоупотребата на европското знаме, појавувањето во предизборен спот на Вучиќ, потпевнувањето на „Земјо македонска“…

Емисија 360 Степени

Exit mobile version