tvstanici.net

360 degrees season 10, show 16 Дали Блинкен и Лавров месецов доаѓаат во Скопје – интервју со Османи



Broadcasted on November 13, 2023 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Ова издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува шефот на дипломатијата и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, го реализираме од спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, каде се во тек активности за адаптација на просторот, во кој на крајот на месецов треба да се одржи Министерски совет на ОБСЕ – Организацијата за безбедност и соработка во Европа, најголем меѓународен собир досега во земјава. Се најавува присуство на околу илјада учесници од 76 делегации. Османи го прашуваме дали во Скопје ќе дојдат американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тема се и контроверзиите околу јавните набавки поврзани со настанот на ОБСЕ. Со Османи разговараме и за критиките на адреса на Владата во извештајот на Европската комисија, „враќање(то) на Груевски“, (не)интересот предизборно да се поткопа позицијата на ВМРО-ДПМНЕ, албанската опозиција, ставот на ДУИ за тоа дали изборите в година треба да се одржат заедно или одделно, како на нив ќе настапи ДУИ…

Емисија 360 Степени

Exit mobile version