Site icon tvstanici.net

360 degrees season 10, show 12 – Интервју со ново-стариот владика на МПЦ-ОА, г. Јован





Broadcasted on October 30, 2023 (Monday) on MRT1 at 20.15.

МАКЕДОНИЈА

СТОРИЈА

ДЕБАТА

САБОТАЖА

ЗА НАС

ПРИЈАВИ СЛУЧАЈ

 

 

 

МАКЕДОНИЈА НАЈАВИ

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Интервју со владиката Јован – имам неизлечива болест, но не се пензионирам

360степени | 30 октомври, 2023 13:44

Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува ново-стариот владика на МПЦ-ОА, г. Јован (Вранишковски), се емитува вечерва (30 октомври 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1

Во ова издание на емисијата „360 степени” имаме несекојдневен соговорник – до скоро за мнозинството во земјава познат како расколникот Јован Вранишковски, а од неодамна повторно владика на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). По решавањето на црковниот спор на релација Скопје – Белград или Охрид – Пеќ, автономната црква под закрилата на СПЦ, на чие чело беше Јован, се реинтегрира во МПЦ-ОА и, според договорот, Јован стана митрополит крушевско-демирхисарски. Интронизацијата се случи на 3 септември во црквата „Свети Никола“ во Крушево. Интервјуто го снимивме во битолско Нижополе, на Пелистер, во манастирскиот комплекс „Свети Јован Златоуст“, каде што престојува владиката Јован.

Разговараме за првата средба со поглаварот Стефан по 20 години, за времето поминато во затвор, за неговата здравствена состојба, Нишкиот договор и одлуката да влезе во канонско единство со СПЦ, последната фаза од преговорите меѓу СПЦ и МПЦ-ОА, дали МПЦ-ОА е призната автокефална црква со томосот од СПЦ, односите на МПЦ-ОА со Вселенската патријаршија и очекувањата од неа, односите внатре во МПЦ-ОА…

Емисија 360 Степени

Exit mobile version