Site icon tvstanici.net

360 degrees season 10, show 09 – Интервјуа со Максим Димитриевски и Изет Меџити





Broadcasted on October 16, 2023 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Во ова издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 донесуваме интервјуа со Максим Димитриевски и Изет Меџити. Со градоначалникот на Куманово и идеен творец на новиот политички субјект во земјава – Движење ЗНАМ – за наша Македонија, кое се формира по неговото разидување со СДСМ, разговараме за тоа кои му се (први) соработници во партијата, за односот кон Преспанскиот договор, Преговарачката рамка и релациите со Бугарија, кој го ослободи Куманово во 1944 година, идеолошкото профилирање на новиот ентитет, неговиот став за правата на ЛГБТИ-луѓето…

Со чаирчанецот Изет Меџити, пратеник во Собранието и претседател на новоформираното Демократско движење, со кое се обидува да ја предизвика својата довчерашна партија, зборуваме за силата на обединетата опозиција кај Албанците наспроти ДУИ, односот кон темата за уставните измени (како услов за евентуална соработка со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ по изборите), за наводите за негови бизнис-врски и влијанија, за тоа дали има (зло)употреба на стари архивски броеви за легализирање нови дивоградби во Чаир, за војната меѓу Израел и Хамас, верската радикализација на одредени структури во земјава…

Емисија 360 Степени

Exit mobile version