tvstanici.net

24 анализа – Што Али Ахмети заговара со Заев, а што преговара со Мицкоски?



Собрание без мнозинство, Влада пред реконструкција, опозициски блок пред раздвојување. Колку одложената оставка на Зоран Заев дополнително ќе се одложува, колку барањето на Христијан Мицкоски за брзи избори е „фејк”? Дали Зијадин Села и Африм Гаши се пред „развод”? Што Али Ахмети заговара со Заев, а што преговара со Мицкоски?

Во 24 Анализа дебата на партиски претставници од четирите партии со најмногу гласови на последните парламентарни избори: Крешник Бектеши ДУИ, Дафина Стојановска ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митревски СДСМ и Халил Снопче – Алијанса за Албанците.

24 Анализа на 24 Телевизија

Exit mobile version