ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР
На 11 март 2011 година земјотрес предизвика седум метарски бранови крај брегот на Пацификот кај Јапонија. Цунамито ја уништи нуклеарката во Фукушима. Десет години подоцна, регионот ни од далеку не е вратен во нормала.
Во земјотресот од 11 март 2011 година прво беа уништени електричните доводи за струја, а потоа цунамито ги поплави генераторите за итни случаи. Набрзо се прегреа горивото во три од шесте генератори во нуклеарната централа во Фукушима што предизвика топење на јадрото. Следеа неколку експлозии од водородниот гас кој се испуштил од реакторите. Светот до денес ги памети телевизиските снимки на кои се гледаат радиоактивни облаци и чад над нуклеарката. Над 1000 квадратни километри во околината беа контаминирани од радиоактивни честички, а 160.000 жители беа принудени да го напуштат регионот.