Вицепремиерот Битиќи се сретна со амбасадорката на Црна Гора Петровиќ


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се сретна со амбасадорката на Црна Гора во нашата земја, Н.Е. г-а Марија Петровиќ, со која разговараа за заедничките предизвици на земјите од регионот на Западен Балкан, евро интеграциите и унапредувањето на економската соработка помеѓу двете земји.

Вицепремиерот Битиќи нагласи дека сите земји од регионот, и во периодот пред здравствената и социо – економска криза предизвикана од коронавирусот, но и за време на кризата, се соочуваат со исти или слични предизвици, а за нивно надминување потребна е заедничка соработка и енергична реакција. Со поинтензивна меѓусебна соработка и искористување на конкурентската предност што секоја од земјите од Западен Балкан ја добива со взаемната соработка можеме да го искористиме моментот и посилни да влеземе во пост-ковид периодот, со што земјите од регионот и целиот регион ќе бидат поатрактивен партнер за Европската Унија.

Отворањето на преговори со Европската Унија, беше уште една тема на разговор помеѓу Вицепремиерот Битиќи и амбасадорката Петровиќ. Црна Гора веќе започна преговори за членство со ЕУ, би можеле да се искористат искуствата кои што ги има во овој процес и заеднички да се продолжи на патот кон целосна интеграција на двете земји во ЕУ.

Петровиќ и Битиќ се согласија дека во овој период треба да се работи и на реализација на капиталните инфраструктурни проекти во сите земји во регионот, за да има подобра поврзаност на земјите, што е еден од предусловите за унапредување на економската соработка и подигнување на конкурентноста на целиот регион.

Вицепремиерот Битиќи и црногорската амбасадорка Петровиќ, се заложија на понатамошна соработка во насока на подобра економска соработка помеѓу двете земји, преку креативна и отворена континуирана дискусија.

Кабинет на заменикот на Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања





ИЗВОР: Канал 5

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×