ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР
Селекцијата на Данска ќе има само неколку часовен престој во Скопје, каде што утре ќе ги одмери силите со Македонија на стартот од квалификациите за пласман на ЕП 2022.
Селекторот на актуелниот светски шампион, кој одбра да допатува на три ипол часа пред натпреварот и веднаш по него да си замине дома, Никола Јакобсен, смета дека новиот состав на жолто-црвените е своевидна енигма за него и неговите ракометари.
„Против себе имаме селекција што игра традиционален ракомет. За овие натпревари им се вратија двајца играчи, а имаат и нов селектор, така што тоа е помалку чудна екипа. Не знам што можеме да очекуваме од нив. Знам само дека нема да ни биде лесно“, изјави Јакобсен.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Данска ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 20 часот, а реваншот е в недела во Алборг.