ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж размислуваше за самоубиство и често гледаше снимки од самоубиството на хрватскиот генерал Слободан Праjак на неговото судење во Хаг.
Ова го изјави Сандра Крозби, неговиот лекар, која изјави дека таа го посетила Асанж четири пати додека тој бил во еквадорската амбасада во Лондон, пишува „Индипендент“.
Крозби рече дека за време на посетата забележала влошување на физичкото и менталното здравје на Асанж.
За време на сослушувањето во лондонскиот суд, Крозби рече дека Асанж и ги опишал неговите самоубиствени мисли во февруари 2018 година и дека размислувал да изврши самоубиство.
49-годишниот Асанж е изложен на висок ризик од самоубиство доколку биде испорачан во САД, кои сакаат да го судат за откривање стотици илјади тајни документи, изјави Мајкл Копелман пред лондонскиот Кривичен суд. Тој психијатар разговараше со Асанж дваесетина пати.
Тој ги спомна „тешката депресија“ и „психотичните симптоми“ на Џулијан Асанж, вклучително и гласните халуцинации што ги имаше во својата ќелија во строго чуваниот затвор Белмарш, близу Лондон.