Ниту едни избори во американската историја не биле толку тензични и контроверзни. На овие избори се судрија тие две Америки кои веќе подолго време се движат во различни правци, имаат различни интереси и се непријателски настроени едни кон други.
Два дена по изборите се уште не се познати резултатите од изборниот процес. Иако тоа треба да биде само првото полувреме. Како што и се очекуваше второто полувреме ќе биде играно во судските ходници и може да заврши во Врховниот суд.
Во овој момент во предност е демократскиот кандидат, Џо Бајден. Иако анкетите му даваа огромна предност тој е во тесно водство пред републиканскиот кандидат Доналд Трамп. На крајот лесно може да се случи дека избирајќи меѓу надежта ( економијата ) и стравот ( корона вирусот ) Америакнците да се определиле за стравот. Или како Трамп го нарекува кинескиот вирус да ги реши американските избори.
Трамп имаше многу противници во текот на целиот свој мандат. Не го оставија да дише. Но во еден момент немаше доволно сила и доволно добра проценка и помисли дека со пораст на еконoмијата ќе може да добие втор мандат без да мора да влезе во тешка битка со длабоката држава. Длабоката држава не може да се порази на твитер и тоа освен на Трамп им стана јасно на сите кои мислат да влезат во процес на сушење на тоа мочуриште.
Дали Трамп ја изгуби употребната вредност? Дали може да се врати повторно во игра и да победи на изборите? И дали на овие избори демократите се фатени како волк во кокошарник како муљаат со гласачките ливчиња?
За сите тие прашања повеќе ќе може да дознаете од вечерашната емисија Во Центар на youtube.
Целата емисија ќе можете да ја погледнете на следниот линк:
ВО ЦЕНТАР со Васко Ефтов