VO CENTAR Intervju so Strasho Angelovski: Makedonija izgubi na izborite!

Во Центар со Васко Ефтов: Интервју со Страшо Ангеловски: Македонија изгуби на изборите!

Страшо Ангеловски, Претседателот на МААК Конзервативна партија смета дека на овие избори изгуби Македонија. Инаку, Ангеловски беше дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија ја чека многу тежок период вели Ангеловски. Не сакам да кажам дали ВМРО ДПМНЕ ги доби или ги изгуби изборите, вели тој, тоа ќе го покаже времето.

Многу работи во светот, вклучително и во Македонија ќе зависат од изборите во САД. Ние во моментот се наоѓаме во една силна светска биолошка војна каде длабоката држава и Кина работат на пораз на Доналд Трамп на изборите. Затоа, Трамп со сите сили сака да го прекине сојузништвото меѓу Русија и Кина и тој да направи сојуз со Путин, смета Ангеловски.

На овие избори ние сакавме да го поразиме Зоран Заев и благодарајќи на некои помали партии и медиумите каде се појавуваа тие партии не успеавме во тоа, смета Ангеловски. Заев е најголемото зло што и се случило на Македонија, додава тој.

Вечерва ќе гледате едно многу тврдо и жестоко интервју со лидерот на МААК, Страшо Ангеловски, каде тој се обидува поразот на ВМРО ДПМНЕ да го оправда на сите начини освен со признание дека можеби е промашена стратегијата на таа партија и коалицијата која ја предводеше на овие избори.

Ќе имаме Собрание на партијата во наредниот период каде ќе ги анализираме изборните резултати. На овие избори МААК победи, а за се друго ќе кажам откако ќе ги инфомирам партиските тела, заклучува Ангеловски.