VO CENTAR Intervju so Branko Dragas: So pandemijata trebase da se spasi Vol strit!




ВО ЦЕНТАР Интервју со Бранко Драгаш: Со пандемијата требаше да се спаси Вол стрит!

Шест големи фамилии во светот контролираат 90 отсто од сите светски медиумии. Тоа е огромна моќ. Ние гледаме дека медиумите го прогласија Џо Бајден за Претседател на Америка и ако тие тоа можат да го направат во најсилната држава во светот, тогаш што останува за нас останатите.

Ова во интервјуто за вечерашната емисија Во Центар го изјави Бранко Драгаш, експерт за финансии и геополитика. Според Драгаш, финансиската криза која се јавува во август минатата година беше основа да се влезе во проектот со пандемија со коронавирусот. Преку пандемијата требаше да биде привремено спасена светската економија од колапс.

Светот се наоѓа пред финансиски колапс, затоа јас им сугерирам на сите кои имаат пари да ги инвестираат во инвестициско злато, вели тој. Парите ќе станат безвредни вели Драгаш.

Треба само да ги следите трагите на парите и се ќе ви биде јасно. Америка како голема империја нема да пропадне утре, бидејќи за една или за неколку години не пропадна ниту Римското царство. Но во моментот Америка има долг од 411 илјади милијарди долари. Тоа не може да го издржи ниту една земја во светот, вели тој.

Вол стрит стоеше зад победата на Бејден но исто така треба да се сопрат сите лажни вести дека Трамп е првиот претседател на Америка кој ги ставил под контрола федералните резерви. Тоа е голема лага. Бидејќи Трамп ја задолжи Америка за еден мандат два пати повеќе од Обама за своите два мандати.

Обама ја задолжи Америка за двата свои мандати за десет илјади милијарди долари. Но од 2016 до 31 декември 2019 година Трамп ја задолжи Америка за осум илјади милијарди долари. А тогаш доаѓа короната и од март до ноември оваа година Трамп ја задолжува Америка за 11 илјади милијарди долари.

Сега мислам дека се ви е јасно за пандемијата и за тоа како функционира Америка и кој таму одлучува кој ќе победи а кој ќе изгуби на изборите, вели Драгаш.

Трамп и Бајден исто како и Сорос и Бил Гејтс се само портпароли на луѓето кои владеат со светот. Исто како и газдата на Амазон кој за осум месеци го зголеми звојот капитал за 40 милијарди долари и сега сака да биде прв човек кој ќе има богатство од една илја милијарди долари.

ВО ЦЕНТАР со Васко Ефтов