ВО ЦЕНТАР Интервју со Азем Власи: На Хашим Тачи не му се суди во Хаг за Жолтата куќа!?
Процесите кои се случуваат во Косово можат да се прелеат и во соседните држави. Во моментот кога поранешниот косовски Претседател, Хашим Тачи, заврши во Хаг тогаш се отвори прашањето до каде ќе оди истрагата?
Односно, дали и лица од Македонија и Албанија ќе бидат повикани во Хаг, но не како сведоци туку како осомничени. Јавна тајна е дека под псевдонимот Абаз Џука и Ахмети на крајот на 90-тите години бил во тие тренинг кампови во Албанија а потоа и во војната на Косово.
Исто така факт е дека војната од Косово или од косовска територија потоа како конфликт се прелеа и во Македонија во текот на 2001 година.
Дали сите овие процеси можат да фрлат црна дамка на историјата на УЧК и како ќе може таа структура да се избори со обвинувањата на нивните команданти?
Од друга страна, премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека е само прашање на време кога Албанија и Косово ќе имаат заеднички Претседател. А заеднички претседател ќе имаат само ако се обединат во една држава.
За сите овие прашања ние разговараме со поранешниот косовски лидер Азем Власи, а сега угледен адвокат од Приштина.
ВО ЦЕНТАР со Васко Ефтов