По повод верскиот празник Богојавление-Водици, утре ќе има посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром.
СВР Скопје соопшти дека во центарот на градот за сообраќај ќе биде затворена улицата Филип Втори Македонски на потег од крстосница со булеварот Гоце Делчев до крстосница со улицата 11-ти Октомври во двете насоки.
Во општина Кисела Вода за сообраќај ќе бидат затворени улиците 14-ти Декември и дел од улицата Христо Татарчев до салата Расадник.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата Свети Петар и Павле, булеварот Партизански Одреди до улицата Ѓорче Петров, потоа улицата Ѓорче Петров до улицата Васил Чакаларов, како и од црквата Свети Пантелејмон, улицата Козле, дел од улицата Васил Чакаларов до Железничкиот мост на реката Вардар.
Прочитајте ја целата статија од изворот
