Гневни граѓани фрлаа кал и извикуваа навреди кон шпанскиот крал Фелипе Шести , неговата сопруга Летиција и владини претставници за време на нивната посета на подрачјата погодени со катастрофалните поплави во Валенсија.
Во катастрофалните поплави што ја погодија Шпанија во вторникот загинаа повеќе од 200 луѓе, а илјадници други останаа со уништени домови.
„Заминувајте“ „Излегувајте“ и „Убијци“, извикуваа демонстрантите, инсистирајќи да им се одговори зошто надлежните не преземале ништо за да се избегне трагедијата.
Интервенираше и полицијата, а откако беше принуден да се заштити од калта со која го гаѓаа, кралот неколку пати се обиде да разговара со дел од жителите во периферијата на градот Валенсија.
„Тоа беше инцидент без преседан за кралската куќа, која се труди да изгради имиџ на монарх што и се допаѓа на нацијата“, пишува Асошиејтед прес .
Прочитајте ја целата статија од изворот