Скопјанецот Љ.Џ.(85) од село Студеничани кој во петокот беше удрен од автобус се наоѓа во животно загрозувачка состојба, информира Министерството за внатрешни работи.
„Автобусот бил управуван од Б.Б.(53) од Скопје, а Љ.Џ., чии повреди се констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се наоѓа во животно загрозувачка состојба“, се вели во полицискиот билтен.
Несреќата се случила во 11:40 часот кај Транспортниот центар во Скопје и извршен бил увид од јавен обвинител.
АВТОБУС НА ЈСП УДРИЛ ВО 60-ГОДИШЕН МАЖ Страшна несреќа кај Транспортен центар, пешакот заврши во болница