Врз основа на член 16, ставови 4 и 5 од Уставот на Република Македонија и членовите 13 и 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и за клевета, Шкодран Толај го поднесува следново барање за објавување на демант, извинување и јавно повлекување.
Барањето е е испратено до Вас како медиум и до Министерот за култура и туризам поради тоа што на 12 септември 2024 година е објавена статија под наслов „Ќе се вратат на работа 33 уметници од албанскиот ансамбл Разрешен директор Шкодран Толај ненаменски трошоци 177.000 денари “.
Статијата е објавена по посетата на министерот на Националниот конзерваторски центар, на поставени новинарски прашања. За време на давањето на неговата изјава беа изнесени голем број на лаги, навреди и на клеветнички изјави.
Според Љутков, јас како одговорно лице имам нанесено голема штета врз културата, немам спроведено реаудиција како причина за распуштање на 33-те вработени од институцијата, сум виновен за ненаменско користење средства и други обвинувања кои се крајно невистинити.
Ваквите тврдења не само што не се точни, туку се насочени и кон омаловажување на угледот на нашата организација и повреда на мојата чест и углед.
Г. Љутков во јавноста изнесува и шири невистинити информации.
Имено, вистинската причина за престанок на работниот однос на 33-те вработени во институцијата е истекот на времетраењето на договорите за работа и во никој случај не станува збор за распуштање на истите поради неспроведена реаудиција, доколку повеќе што во овој спорен период од страна на Министерството за финансии не биле одобрени средства за вработување на истите.
Министерот за култура и туризам треба најпрвин да ја разбере и да ја направи разликата меѓу аудиција и реаудиција!
Аудиција е процес на проверување на уметничките способности на кандидатите и се спроведува во постапката за вработување на заинтересираните лица (Член 77-е), нешто што се прави при заосновање на работен однос на односните лица.
Реаудцијата е постапка на унапредување која има за цел да им овозможи на давателите на јавни услуги во културата, во јавната установа од областа на културата, кариерно напредување, односно преминување од пониски на повисоки работни места. Согласно членот 77- к став (2) Законот за култура само на уметниците од категоријата А покрај оценувањето на ефектот од членот 77- к став (2) од овој закон, ефектот им се оценува со спроведување постапка за реаудиција на секои три години.
Сега се поставува прашањето дали новиот в.д. директор на Албанскиот ансамбл, Шкељким Јахи, ќе спроведе постапка за аудиција или постапка не реаудиција на постоечкиот кадар согласно изјавата дадена од Министерот?
Имено, не е точно тврдењето дека 177.000,00 денари се потрошени ненаменски за проектот „Балканската Турнеја“ во 2023 година бидејќи ваквите наводи се невистинити, а исто така и недокажани. Министерот за туризам и култура ги пречекорува сите свои компетенции и со закон дадени овластувања, со оглед на тоа што пред истекот на роковите издадени по инспекцискиот надзор, и покрај изјавена жалба по однос на Записникот и издадениот платен налог до Инспекциски совет на РСМ, која жалба ги одложува сите правни акти издадени по истата, Министерот донесе крајно незаконита одлука со што ми беше доставено Решение за предвремено разрешување од 11 септември 2024 година. Ваквата одлука е незаконита и базирана на непотврдени информации!
Преку објавување на навредите и клеветите, вашиот медиум ги прекрши етичките вредности и професионалните стандарди на чесност, објективност и веродостојност при пренесувањето на информациите. Иако сте биле во можност, статијата сте ја објавиле без претходно да ја потврдите веродостојноста на објавените тврдења. Ваквата ваша постапка не е во согласност со професионалната новинарска етика и вршење на новинарската професија.
Оттука, во отсуство на потврда на изнесените наводи, вие сте биле должи и сте можеле да знаете дека тие се невистинити, но сепак сте ја објавиле статијата со невистинити факти што се штетни за угледот и честа на г. Шкодран Толај, со што е сторена навреда и клевета согласно членовите 6 и 8 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
Согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, го поднесуваме ова барање за објавување на демант, извинување и јавно повлекување на статијата во исто време и во ист обем на вашиот медиум во рок од 48 часа од денот на доставување на ова писмено барање.
The post „МИНИСТЕРОТ ЉУТКОВ ШИРИ ЛАГИ ЗА МЕНЕ” Реакција на разрешениот директор на Албанскиот ансамбл first appeared on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот