📷 МАРТИН ГОЏО ОД ВАРОШ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ОХРИД Претседателката Сиљановска Давкова му подари резба

Мартин Гоџоски од Варош го фати светиот крстот што денеска, на празникот Богојавление Водици, беше положен во осветените води на Охридското Езеро. Светиот крст во езерските водите го положи Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан од градското пристаниште.

На свеченоста присуствуваа неколку илјади верници и туристи, а по крстот во осветените води на Охридското Езеро влегоа стотина верници. Најсреќен беше Мартин Гоџо, кој го фати светиот крст и во 2022 година.

Претходно беше отслужена богослужба и света литургија во црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско, со која чиноначалствуваше архиепископот г.г. Стефан.
– Празнувањето на Богојавление всушност е продолжување на радоста што ја доживуваме чествувајќи го Божиќ. Тие два празника, на коишто некои отеци им го даваат заедничкото име зимен Велигден, се настани кои во себе ја носат вистината на доаѓањето на синот Божји на земјата – рече во посланието архиепископот г.г. Стефан.
Денес на Богојавление треба да размислуваме за тоа каква е нашата духовна облека, каква е нејзината чистота, каква ни е чистотата на срцето и каква е содржината на нашите дела и да размислуваме со колку чисти души и мирна совест стоиме пред отворените небеса од каде доаѓа гласот што води кон вечната вистина, додаде архиепископот.

– Треба да знаеме дека светото Христово крштение, светите Христови облеки не се надворешни, туку се внатрешен украс и секој што го примил Христовото име за свое, секој што се крстил, тој треба да се преобрази. Затоа секој од нас е должен да внимава на сопствената морална чистота и со добри дела да се потрвдува дека е достоен член на Светата црква. Како христијани и членови на Светата црква имаме уште едно задолжение. Должни сме оние кои сè уште не го рабрзале доаѓањето на Бога како Богочовек на земјата да ги упатуваме кон Јордан, кон Христовото крштрение, односно кон тајните на верата Христова. Да се погрижиме да бидеме достојни носители на Христовото име, на името Христијани и да ја чуваме чиста облеката која сме ја примиле во моментот на светото крштение – рече архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
На чинот на положување на Светиот крст присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Претседателката Сиљановска Давкова го даруваше среќниот Гоџо со резба и му посака здравје.
„На овој возвишен ден, присуствував на свечената манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици во Охрид, каде поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан ги освети водите на Охридското Езеро, положувајќи го светиот крст во нив. Стотици верници, поттикнати од длабоката вера во божествениот благослов на осветените води, од вековната традиција, која го симболизира крштевањето на Исус Христос и од желбата за духовна обнова, учествуваа во овој свет чин. Најсреќниот, Мартин Гоџо, кој го фати крстот, го дарував со рачно изработена резба, посакувајќи му добро здравје, лична среќа и духовна исполнетост“, порача претседателката Сиљановска Давкова.
Да ги отвориме нашите срца за вербата, да ги насочиме мислите кон чистотата и мирот и да чекориме по патеката на духовното просветление!, додаде претседателката.

Одбележувањето на големиот верски празник Богојавление-Водици и годинава се одржува во организација на Дебарско – Кичевската епархија и локалната самоуправа. Настанот го поддржуваат јавните претпријатија, Црвен крст Охрид, нуркачките клубови, здравствените установи, ТППЕ Охрид и СВР Охрид.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×