Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку пристигна во Неапол, каде што беше пречекан како еден од најдобрите фудбалери на сите времиња од восхитените навивачи.
Многумина од нив не можеле да се контролираат кога Лукаку излегол од автомобилот што го превезувал, па настанал општ хаос.
Обезбедувањето го стави 31-годишниот Лукаку во непријатна ситуација, а дел од навивачите паднаа на земја во обидот да стигнат до клупските простории.
Таму Лукаку застана за момент и покрај големиот хаос и им подаде рака на луѓето на земја да им помогне да станат.
Лукаку целосно го договорил трансферот со челниците на Наполи, останува само да ги помине лекарските прегледи и сѐ да се официјализира.
Белгиецот во својата кариера настапуваше за голем број тимови од светска класа, меѓу кои Рома, Интер, Челзи, Манчестер Јунајтед и Евертон, како и за некои помали екипи.
Napoli fans welcoming Romelu Lukaku! pic.twitter.com/BT1HmDExto
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 28, 2024