КАЗНИ ЗА ПОТПАЛУВАЧИТЕ, САМО ТАКА ЌЕ ВНИМАВААТ Стојанче Ангелов ќе побара уште построги законски мерки

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, упати апел до граѓаните доколку забележат потпалувачи или сомнително движење, да го пријават на бројот 112 или во најблиската полициска станица.
– Ги повикувам сите граѓани доколку забележат сомнително однесување, односно некое лице им е сомнително дека можеби подметнува пожар или е невнимателно, пали стрниште од кое што може да настане пожар, истото итно да го пријават на бројот 112 или во најблиската полициска станица. Доколку е непријатно или се плашат да пријават на овој број или во станица, нека се јават на некој пријател полицаец, на некој пријател шумар, на некој вработен во ЦУК, во ДЗС, во „Национални шуми“, нека се јават на кој било кој ќе ја пренесе оваа информација понатаму – рече Ангелов.
Вели дека борбата против оние кои палат мора да биде жестока бидејќи превенцијата е најдобриот начин, односно, како што рече, „кога ќе бидат казнети, тогаш ќе бидат внимателни“.
– Борбата против оние коишто ги палат овие огромен број на шумски пожари мора да биде жестока, мора жестоко да возвратиме бидејќи превенцијата е најдобриот начин, тогаш кога ќе бидат казнети, тогаш ќе бидат повнимателни затоа што нема никакво оправдување за ваквото несериозно, невнимателно однесување каде што некои луѓе наивно сметаат дека нема да предизвикаат пожар, дека тие само малку ќе запалат едно стрниште, а тоа што можеби неколку километри понатаму некој ќе умре тоа е ирелевантно. Тие очекуваат дека тоа нема да се случи. Иако е небрежност, ќе барам и дополнителни законски измени за строги казнувања на ваквите победенија коишто загрозуваат секојдневно човечки животи, предизвикуваат огромна еколошка штета, но и огромна материјална штета, како и трошење на државните и на локалните ресурси за справување со овие пожари – рече Ангелов.
Во изминатото деноноќие на територијата на државата имало 38 пожари, информираше директорот. Од нив 24 се целосно изгаснати, 5 се под контрола, додека 9 пожари се активни, односно активни се пожарите во Јасен, Пехчево, Кочани, пожарот од двете страни на Галичица, кај селото Зајас, кај селото Врбен и кај Новаци.
– Апелирам на голема внимателност. Не е наивен пожарот и кај депонија или на сува трева, бргу може да стигне до шума или да загрози човечки живот. Борбата против овие кои палат мора да биде жестока, мора жестоко да возвратиме бидејќи превенцијата е најдобриот начин. Тогаш кога ќе бидат казнети, тогаш ќе бидат внимателни. Нема никакво оправдување за ваквото несериозно однесување. Ќе барам дополнителни законски измени за строги казнувања на ваквите поведенија кои загрозуваат човечки животи и трошат државни ресурси – рече директорот на  ЦУК.
Упати благодарност до локалните пожарникари коишто во текот на вчерашниот ден изгаснале дури 24 пожари на отворено, пожари за коишто Ангелов вели дека имале потенцијал да се претворат во големи шумски пожари.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×