Деведесет проценти од изградбата на пругата Куманово-Бељаковце е завршена во периодот на Владата на СДСМ и горди сме што денеска се пушта во употреба, се огласи СДСм со соопштение.
„Пуштањето во употреба на железничката пруга Куманово-Бељаковце иститoчниот дел од Коридорот 8, е уште еден значаен стратешки инфраструктурен проект кој е потврда за правилните политики на СДСМ. Денешното возење на Мицкоски и половина ДПМНЕ во воз по пругата Куманово-Бељаковце е уште едно признание за се она што СДСМ го направи во изминатите години. Мицкоски се кити со туѓи перја но сепак добро е што проектот е завршен, тоа е во интерес на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Оттаму додаваат дека „пругата наречена надеж“ 28 години тапкала во место и немало никакво поместување во делот на изградбата. „Благодарение на посветеноста на Владата на СДСМ изградбата започна во октомври 2022 година и сега се завршува. СДСМ докажа дека кога се има желба, кога се работи посветено и со правилно менџирање на буџетските финансии и ресурси, секоја цел е остварлива“, се додава во соопштението на СДСМ.
Прочитајте ја целата статија од изворот
