📽️ ИЛИР МЕТА БИЛ УДРЕН ПО ГЛАВАТА ПРИ АПСЕЊЕТО? Се појави нова снимка

Партијата на слободата во Албанија објави ново видео од апсењето на поранешниот албански претседател Илир Мета. Секретарот на партијата Теди Блуши изјави дека Мета бил удрен по глава од полицајците кои насилно го извадиле од автомобилот со кој се движел.
На прес-конференцијата тој нагласи дека партијата ќе поднесе кривична пријава.
Тој рече дека успеале да легитимираат двајца од државните полицајци, кои вчера насилно го извлекле поранешниот претседател Илир Мета од автомобилот и го извршиле решението за негово апсење.
– Сè уште правиме проверки. Тој бил 27-годишен службеник, без искуство во полициски структури, кој не само што се осмелил да му пријде на автомобилот, туку таму служел и како сообраќаец. Што се однесува до насилниците кои насилно го тргнаа од возилото претседателот на Слободарската партија без да идентификуваат на која организација припаѓаат, тие беа терористи и ништо повеќе. Идентификувавме две лица со криминално досие, за кои не е јасно како станале дел од државната полиција, но имаат мрачно минато и врски со бандите во Драч – рече тој.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×