Евиденција на основните средства на јавните комунални претпријатија

Јавните комунални претпријатија немаат исто толкување и ист пристап при евидентирање на основните средства со кои располагаат. Ова е констатирано врз база на прашалникот што беше доставен до раководните и техничките лица во комуналните претпријатија од страна на АДКОМ, што беше презентирано пред членовите на работната група за комунални дејности.

– Во иднина треба да посветиме внимание, како работна група на АДКОМ и ние како асоцијација, да направиме една корелација меѓу сите законски детерминирани постапки во еден Правилник, кој ќе им ја олесни постапката и ќе биде унифицирана за сите комунални прептријатија, изјави Страхил Гавритов – ЈКП „Плаваја“- Радовиш

Според истражување спроведено од ГИЗ, со голем дел од комуналната инфраструктура се управува и стопанисува, а не се евидентирани како основни средства, односно, не се знае со каков имот се располага.

– Се дојде до заклучок дека во една општина, која според своите евиденции располага со имот од 44 км водоводна мрежа, по мапирање на истата се дојде до ситуација дека фактички во таа општина водоводната мрежа изнесува 89 км, што e 100% повеќе, а за тоа не постои никаква евиденција во книгите на јавното комунално претпријатие, додаде Гавритов

– До денес добивме одговори од 39% од јавните комунални претпријатија. Се надеваме дека во наредниот период, до крајот на оваа година, ќе добиеме многу поголем број на одговори на прашалникот, со што би добиле јасна слика за состојбата со основните средства, како би можеле холистички, квалитетно и ефикасно да го решиме овој проблем, изјави Наташа Радојкова, офицер за застапување-АДКОМ

Точната евиденција значи и поголема кредитоспособност на претпријатието и „отворена врата“ за донаторите, што во моментот не е случај.

– Најважно од се е, кога доаѓаат инвеститори, на првото прашање „Колкава ви е вредноста на основните средства“?, ние немаме одговор, изјави Гавритов

Кога сопственоста би била мапирана на геореференцирана платформа, комуналните претпријатија ќе можат да издаваат документи во дигитална форма.

 

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×