Која била целта на посетата на поранешниот војник на УЧК Блерим Рамадани на Македонија? Дали Блерим Рамадани бил носен на Попова Шапка од функционери на СДСМ и ДУИ и дали тој всушност се интересирал за градби на омиленото место за дивоградби на функционерите на ДУИ?
Овие прашања на денешната прес-конференција ги постави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.
– Затоа ли Рамадани бил пуштен во куќен притвор наместо да биде во затворски? Затоа што ДУИ и СДС имаат бизнис интерес од него? Дали ДУИ влијаеле врз Пајазит Пајазити кој е нивна продолжена рака во судството да изрече куќен притвор за Блерим Рамадани, за да може да избега, затоа што имаат бизнис интерес од него? Очекуваме институциите да отворат постапки и испоставите на СДСМ и ДУИ во судството како Пајазити да бидат разрешени. Одговорност мора да има. Зад секоја јавна гласност на ДУИ се крие по некој бизнис интерес. Додека народот се иселува, тие се богатат – вели Јаревски.
Прочитајте ја целата статија од изворот