Во ова издание на „360 степени“ објавено на 23 јуни 2023 г :
-Најавите дека француското Национално собрание може да усвои резолуција за македонскиот јазик слична на онаа на Бундестагот, како и ставот на претседателот Емануел Макрон за проширувањето на Европската Унија се теми во разговорот со Лилијана Танги, пратеничка во францускиот парламент од партијата на Макрон и со амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомбгартнер;
-Во пресрет на четвртата Парада на гордоста, по првата во 2019 година, разговараме со Ирена Цветковиќ, која е дел од организацискиот одбор на „Скопје прајд“ и со Санела Шкриељ, пратеничка во Собранието, дел од мнозинството и членка на интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ-луѓето;
-„Саботажа“.
Емисија 360 Степени