Broadcasted on June 12, 2023 (Monday) on Alsat TV at 22.20.
Во ова издание на „360 степени“:
– Среде домашната дебата за уставни измени, германскиот парламент на 15 јуни гласа резолуција за Северна Македонија: „Македонскиот народ, јазик и наследство се добредојдени во ЕУ. Се креира можност за забрзано зачленување во Унијата и сакаме да ја искористите“ – порачуваат пратениците Томас Хакер и Борис Мијатовиќ во интервју за „360 степени“;
– На трибина на ВМРО-ДПМНЕ прашавме дел од присутните дали Бугарите треба да влезат во Уставот, а на маалска средба на СДСМ – дали се согласни ДУИ да излезе од Владата; Дел од одговорите што ги добивме, во најмала рака, беа неочекувани;
– Во струшко Лабуништа задоволство од одлуката на Владата за затворање на уште два каменолома – репортажа;
– „Саботажа“.
Емисија 360 Степени