Broadcasted on May 05, 2023 (Friday) on Alsat TV at 22.20.
Во ова издание на „360 степени“ зборуваме за изборниот модел и аргументите за и против евентуално негово менување во услови кога деновиве почна да функционира работната група што треба да ги договори идните промени во Изборниот законик. Од заговорниците за воведување една изборна единица, наместо сегашните шест, ја имаме Моника Зајкова, пратеничка во Собранието и лидерка на Либерално-демократската партија. Втор наш соговорник е Кристијан Фидановски, коавтор на анализа за тоа колку е пропорционален македонскиот изборен модел, работена под капата на Институтот за демократија и докторанд на „Оксфорд“.
Емисија 360 Степени