339 санкционирани возачи во Скопје, од кои 108 за пречекорена брзина



ИЗВОР: АЛФА

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 339 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 22 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 108 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 16, 7 санкционирани мотоциклисти, 73 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 84 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.